Јована секој пат изненадува со своите тоалети и комбинации на облека кои ги носи за утринската програма за викендите на телевизија Пинк, а сега реши да се соблече и да се опушти на жешкото летно сонце.
Водителката ужива на црногорското приморје од каде постојано објавува слики на социјалната мрежа Инстаграм, а нејзината витка линија и завидна фигура кои ги постигна благодарение на упорните тренинзи во теретана многумина ја коментираат.
Јеремиќ отиде чекор подалеку и се сончаше топлес на приватен базен на црногорското приморје. Таа лежеше на душек без горен дел од костим за капење, во предизвикувачки пози. Се предала на шармот на медитеранското сонце и одлучила да се сонча топлес.
Водителката веќе извесно време ужива на одморот во Црна Гора, а папараците ја уловија како се мести на душекот без горен дел, додека во преден план беше нејзиниот задник.
– Јована едноставно привлекува внимание каде и да се појави. Вечерта е видена како поминува со својата пријателка со која отпатува на море, опкружена со бројни обожаватели кои и побарале автограм и да се фотографираат со неа, а еден дечко и испратил шампањ, но таа го одбила… – изјавил изворот.
Фото:Принскрин/Инстаграм/jeremicjovana/Курир.рс