Откако поминаа четириесет дена од смртта на Видој, Николина на својот Инстаграм профил често објавува фотографии со емотивни пораки, а сега со новата кажа како се чувствува.
– Едена без никаква причина. Затоа што сум тука и сè уште го сакам животот – напиша Николина и го остави хаштагот #самољубавможесве.
Веднаш следеа коментари за поддршка, но и комплименти за изгледот.
View this post on Instagram
Да потсетиме, по погребот на Видој, Николина и нејзиниот свекор Миша Гроф почнаа „војна“ по медиумите и социјалните мрежи. Миша изјави дека водителката била со синот само за пари, а тој не и должи ништо.
– Се што мисли дека купила и му дала на Видоја е нејзино. Зошто би ја задржал нејзината слика или нешто од неа? Сè што мисли дека е нејзино, слободно нека си го земе, само не знам со кои пари купувала скапи работи на Видоја – изјави тогаш Миша за Курир.рс.
Меѓутоа, како да се смирија страстите меѓу нив, Миша Гроф за медиумите откри дека не е во никаков спор со снаата, и дека ќе и помогне да најде работа доколку таа побара. А, таа открила дека не се слушнала со свекорот кога тој неодамна дошол во Хрватска.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/nikolina_pisek