Радио Милева посветена на изгледот

Позира на јахта, а во преден план се нејзините витки и затегнати нозе – Сања Маринковиќ како да има 20, а не 48 години (фото)

Позира на јахта, а во преден план се нејзините витки и затегнати нозе – Сања Маринковиќ како да има 20, а не 48 години (фото)

Српската водителка Сања Маринковиќ предизвика „бура“ од коментари поради новите фотографии.

Авторка на емисијата „Магазин ин“, Сања Маринковиќ, веќе извесно време ужива на летниот одмор во Црна Гора, од каде секојдневно се рекламира на социјалните мрежи.

Сања има 48 години и познато е колку е посветена на својот изглед и здрав начин на живот, па често го привлекува вниманието на јавноста, па така го привлече и со новите фотографии кои ги објави.

Водителката позираше на јахтата во едноделен црн костим за капење, за кој неодамна изјави дека и е омилен во колекцијата и ја покажа својата и витка линија, а во преден план ги стави своите витки и затегнати нозе.

„Би било најубаво да можам да бидам заљубена цело време, тие сокови да ми го заматат умот  и се да биде убаво“, напишала Сања во описот на објавата.

„Изгледаш како божество“, „Изгледаш преубаво“, „Зрачиш со природна убавина Сања, секоја чест“, се некои од коментарите упатени до неа.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/sanjamarinkovicofficial

To top