Радио Милева ужива

Поранешната тенисерка покажа извајано тело и голи стапала – Ана Ивановиќ замина на море (фото)

Поранешната тенисерка покажа извајано тело и голи стапала – Ана Ивановиќ замина на море  (фото)

Поранешната број еден во женскиот тенис со семејството замина на море, а може да се види дека Ана навистина ужива и се одмара на непозната локација.

Ивановиќ сподели неколку фотографии на социјалните мрежи, а нејзините обожаватели можеа да видат дека и понатаму изгледа прекрасно и предизвикувачко. Таа ужива на песочната плажа со синовите Лука и Леон, а во близина секако е и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер.

Ана Ивановиќ во описот под фотографиите напиша:

– Лето, сонце и море – прекрасен ден! Брзо утринско пливање со момчињата.

Голем број фанови  беа воодушевени од нејзината објава, па ја опсипаа со комплименти и убави зборови.

Очигледно е дека Ана Ивановиќ и покрај тоа што шест години не игра тенис, сепак изгледа инспиративно и секси, а во исто време женствено и привлечно.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/anaivanovic

To top