Принцот Хари и не бил така скромен и повлечен како што изгледа.
Иако има кралска крв, тој како и сите сакал да си поминуда лудо и незаборавно. За едно такво негово искуство раскажа екс-стриптизерката Кери од Лас Вегас, која сега сака да направи пари од нејзината бурна средба со принцот Хари, која се случила во август 2012 година.
Таа се присетила на вечерта со него, кога го бакнала тогаш 27-годишниот член на кралското семејство.
– Младиот Хари беше „прилично отворен“ кога се бакнувавме – рекла таа.
– Беше обично, пијано плеткање. Немаше ништо романтично во тоа, само забава – рекла таа, а потоа додала:
„Алкохолот влијаеше врз него. Бев таму 15 до 20 минути“.
Во тоа време, како што многумина се сеќаваат, принцот се појави на насловната страница на магазинот „Сан“, а папараците го фотографираа целосно гол, криејќи ги гениталиите со рацете, а зад него стоеше жена во бикини.
Стриптизета Кери вели дека принцот ѝ ги дал гаќите што ги носел таа луда ноќ. Сега таа решила да ги стави на аукција, заедно со фустанот и костимот за капење што го носела, надевајќи се дека ќе добие голема сума.
– Хари стана многу здодевен, што е вистинска штета. Кога лудуваше во Вегас, сите го сакаа него и неговата смисла за хумор. Барем ова е потсетник на тоа каков бил забавен принц – изјавил портпаролот на стриптизерката.
Принцот Хари своевремено рече дека таа забава се случило неколку недели пред да замине за Авганистан.
фото:Профимедиа/Printscreen/YouTube, Movies Vibes