Поранешната ријалити ѕвезда Александра Суботиќ ужива на црногорското приморје кај пријателот на нејзиниот татко Караѓорѓе, а сега се снимаше на плажа со познатиот пејач Шако Полумента.
Суботиќ се обидува да заборави на непријатностите кои ги направи нејзиниот поранешен избраник Пеца Распоповиќ, кога ја изневери со нејзината најдобра пријателка Маја Маринковиќ. Така сега излегла во кафуле на плажа каде го слушала пејачот Шако кој и пришол и снимиле заедно видео за Инстаграм.
Шако ја прегрнал Александра, ја фатил за глава, па дури и ја бакнал во образ.
За тоа време Маја престојува во скап хотел со Пеца, но таму му правела непријатни сцени.
– Маја цело време се вртеше и привлекуваше внимание. Нарачала пијачка по пијачка и им викала на персоналот како да е единствената гостинка. Повеќе од еден час се фотографирала, а кога во кадар и влегоа деца кои беа сместени на лежалки до неа, почнала да и вика на мајка им дека не ги воспитувала и дека не требало да ги раѓа ако не може да се грижи за нив – изјавил очевидец.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/sandrasuboticss