Радио Милева не сака да биде инфлуенсерка

Ова сигурно не го очекувала: Постапката на публиката ја изненади Констракта (фото)

Ова сигурно не го очекувала: Постапката на публиката ја изненади Констракта (фото)

Да потсетиме, пред нешто повеќе од два месеци Конструкта ја претставуваше Србија на Евровизија, и го зазеде 5то место.

Ана Ѓуриќ, позната по уметничкото име Констракта, на последниот настап доживеа нешто што ја насмеа.

Имено, публиката и фрлаше градници за време на настапот, што и беше симпатично.

Еве, ослободување! – рече таа додека во раката држи градник и смешкајќи се цело време.

Таа неодамна проговори за одбивање големи суми пари кои и биле понудени во минатото за рекламирање на различни производи.

Слабо стојам со рекламните кампањи. Тенко. Не знам, не сум љубител на рекламирање. Јас навистина не. Најбанален пример… Еве, оваа патика чини 100 динари да речеме, а јас плаќам 70 динари за рекламата и убедувањето дека е одлична патика. Мене лично никој никогаш не ме убедил да купам нешто затоа што некој така рекол, ниту ќе ме убеди. Едноставно не ми оди, не го поддржувам – рече тогаш таа, нагласувајќи дека се сомнева дека некој може да ја убеди во спротивното.

Сама добивам понуди, добивам. Одбив се што добив досега. За пари не се лакомам, како да кажам… Само не ми се оди таму. Не ми се допаѓа, но ќе видиме, дали има одлична можност, тогаш да. Нешто со хуманитарен карактер. Во секој случај, не би ги убедила луѓето дека одреден производ е навистина одличен – истакна Констракта во таа прилика.

фото:Инстаграм/Констракта

To top