Осумнаесеттите Есенски музички свечености вечерва (петок) од 20 часот ќе бидат отворени со реприза на гала-оперскиот концерт и претставата „Кавалерија рустикана“ со кои Операта ја почна новата сезона и го одбележа 70-тиот роденден.
Класичната музика останува основниот концепт на Есенските музички свечености, но фестивалот ќе понуди и џез и фоклорни концерти. Ќе има соло-рецитали и концерти на професионални ансамбли и институции, меѓу кои е и настапот на Ансамблот „Танец“ кој е редовно на овој фестивал.
Од гостинските концерти организаторите ги издвоија настапот на познатата џез-музичарка од Турција Елиф Чаглар и нејзиниот квартет и Женскиот младински хор „Јубилате“ од Унгарија со концерт по повод 50 години од смртта на композиторот Золтан Кодај.
И годинава ќе се афирмира македонското музичко творештво со јубилеен концерт – овојпат за 90 години од раѓањето и 10 години од смртта на проф. Драгослав Ортаков.
Манифестацијата ќе заврши на 30 ноември со концерт „Поема екстаза“ на Македонската филхармонија со која Дирекцијата по неколку години ја обновува соработката.
извор:cooltura.mk