Радио Милева се враќа трендот за природен изглед

Старлетата видно ослабена: Каде исчезнаа облините на Ким Кардашијан? (фото)

Старлетата видно ослабена: Каде исчезнаа облините на Ким Кардашијан? (фото)

Старлетата својот физички изглед го доведе до совршенство, повеќе нема големи облини, поради што многумина помислија дека ги отстранила силиконските импланти.

Ким Крдашијан е позната по тоа што ги диктира трендовите. А Папараците  ја „уловија“  Кардашијан додека таа уживаше на турската плажа со своите деца.

Ким овој пат се одлучила за црн костим за капење кој секогаш е хит. Она што е интересно е што Кардашијан не ја истакна својата бујна биста, а градите се чини дека се помали од вообичаено.

Неодамна се шпекулираше дека Ким била подложена на различни хируршки интервенции, со цел да ги отстрани силиконските импланти од градите и задникот, се со цел да изгледа послабо. А она што е очигледно е дека старлетата навистина изгледа послабо.

Таа откри дека има и своја закуска која е заслужна за нејзината беспрекорна линија, па ако им се верува на нејзините зборови, сите овие теории за екстракција на силиконите може да паднат во вода.

Природниот изглед полека се враќа во мода, па многу познати дами се насобраа кај своите естетичари за да ги извадат силиконските импланти. Многу дами со ентузијазам ја дочекаа оваа вест, бидејќи големите облини сега се на втор план.

Ким Кардашијан реши да ја усоврши својата линија и за да се вклопи во познатиот фустан што го носеше Мерлин Монро.

Многумина ќе се сложат дека старлетата драстично го променила физичкиот изглед, што најдобро може да се види на фотографиите од плажа. Во 2020 година старлетата беше фотографирана на плажа во розов костим за капење, а се гледа дека е значително подебела и имала поголеми облини.

Додека едни мислат дека старлетата ги извадила силиконите, други веруваат дека својата линија ја средила со разни диети. Но, сигурно е дека Кардашијан сега изгледа подобро, додека поприродниот изглед и послабото тело ја прават да изгледа помладо. Изгледа дека разводот од нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест одлично и одговарал.

Фото:Принтскрин/Профимедиа

To top