Сандра Решиќ и Анѓело Ранковиќ беа пар кој се очекуваше да преживее, но веднаш по завршувањето на „Задруга“ раскинаа.
Раскинувањето на Сандра Решиќ и Анѓел Ранковиќ по само две недели од врската што ја започнаа во „Задруга“ изненади многумина, а причината сè уште се шпекулира.
Тие двајца раскинаа веднаш штом заврши „Задруга“, иако пред камерите изгледаа дека се ќе биде во ред и дека времето ќе покаже дали се еден за друг. Помина малку време, а раскинувањето се случи неочекувано.
Сандра тврди дека Анѓело ја оставил затоа што е вљубен во Далила Драгојевиќ.
“Раскинавме дури и без секс! Не бевме интимни ниту во Задруга, ниту по реалното шоу. Бев заљубена во него, но тој ме разочара, бидејќи ја прекина нашата врска веднаш штом бевме „слободни“. Очигледно му послужив само да се „покаже“ пред луѓе, бидејќи Далила го откачи во реалното шоу“, изјави таа.
„Слушнав дека пред неколку дена се сретнал со Далила и Маријана Зоњиќ. Тие двете биле на снимање на една емисија, а кога ги видел Анѓело им притрчал во прегратка. Поточно истрчал кон Далила, но таа не изреагирала, ја свртела главата и влегла во такси“, изјавила Сандра која исто така вели дека нема да се изненади ако тие двајца завршат заедно, бидејќи веќе ништо не може да ја шокира.
Таа откри и како изгледало раскинувањето на неа и Анѓел, само три дена по финалето на „Задруга“.
„Ми испрати СМС порака и напиша дека не се чувствува добро кога е со мене и дека би сакал да разговараме. Потоа ми објасни дека не може да ми даде 100% од себе и дека е во депресија. Ми беше јасно каде води муабетот, па решив веднаш да ја прекинам врската. Сè се смени преку ноќ! Бев будала. Се лутам на себе што влегов во врска со него две недели пред крајот на реалното шоу, затоа што имав чувство дека ова ќе се случи“.
Фото:Принтскрин/Тв Пинк/Антонио Ахел