Констракта не е ниту на море ниту на езеро, а следбениците ги воодушеви со своите фотографии.
Уметницата Ана Ѓуриќ Констракта, која ги освои сите со својот прв настап на Беовизија, а потоа победи па ја претставуваше Србија на Евровизија во Италија, успеа по којзнае кој пат да докаже дека е навистина посебна.
Додека нејзините колеги се фалат со скапи одмори и плажи, луксузни хотели и јахти, Констракта ужива во сосема поинаков одмор.
Таа моментално е во Мокра Гора, од каде објави неколку прекрасни фотографии и ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм.
„Ако сакате да гледате во ридовите, како и јас“, напиша Констракта во описот на една од фотографиите.
Друштво и прави и нејзиното куче Роки, а Конструкта ужива максимално, скромно и далеку од луѓето.
Фото:Принтскрин/Инстагарм/konstrakta