Радио Милева задоволен од одлуката

Рики Мартин победи на суд: Внукот ги повлече тврдењата дека пејачот го злоставувал и биле во романтична врска (фото)

Рики Мартин победи на суд: Внукот ги повлече тврдењата дека пејачот го злоставувал и биле во романтична врска (фото)

Поп-ѕвездата Рики Мартин го доби случајот со својот внук откако тој реши да ги отфрли сите обвиненија против него.

Пејачот денеска се појави на суд, но преку апликацијата ZOOM, бидејќи беше обвинет за романтична врска со неговиот внук. Во обвинението и неговиот внук изјавил дека пејачот го малтретирал и го демнел.

Судијата, наводно, ја отфрлил мерката за приоѓање која претходно била издадена. По рочиштето се огласија и адвокатите на пејачот.

-Како што очекувавме, судот не ја продолжи забраната. Обвинителот (внук на Рики) пред судот изјави дека оваа одлука е само негова, и дека никој не влијаел врз него. Тој изјави и дека е задоволен од луѓето кои го застапувале во оваа правна постапка – пишуваат во соопштението и продолжуваат:

– Предлогот за разрешување на овој случај дојде од обвинителот. Ова не е ништо повеќе од случај кога поединец ќе упати лажни обвинувања без начин да ги поткрепи. Драго ни е што нашиот клиент победи на суд и сега може да продолжи со својата кариера и живот.

Фото:Принтскрин/Себастијан Ногиер/Профимедиа

To top