Радио Милева жал и е

„Едноставно не можевме да се „бориме“ со нашите емоции“ – Прва исповед на Маја Маринковиќ по скандалот (фото)

„Едноставно не можевме да се „бориме“ со нашите емоции“ – Прва исповед на Маја Маринковиќ по скандалот (фото)

Старлетата Тијана Ајфон го прослави роденденот, а една од гостите беше и Маја Маринковиќ која е актуелна во јавноста поради аферата со невенчаниот сопруг на сега веќе поранешната пријателка Александра Суботиќ.

Ова е прво јавно појавување на Маја, која на забавата пристигна облечена во бело во придружба на нејзиниот татко Таки. Таа им позираше на насобраните фотографи, добиваше комплименти за изгледот, се заблагодари, а еве што имаше да каже за ситуацијата која сите ги интересира.

– Не знам како и стана маж од дечко, не се сеќавам дека сум била на свадба, па искрено не знам како стана маж од дечко, информирана сум дека беа заедно, но тоа беше врска, сега веќе бивша врска. Така ќе остане – изјавила таа.

На прашањето дали поради неа „пукнала“ таа врска, Маринковиќ имала подготвен одговор:

– Како да расипам нешто, ако тоа нешто беше супер?Мислам дека .. Жал ми е и искрено ја сносам одговорноста во врска со таа блискост и пријателство со неа и мислам дека не беше во ред – рече таа и продолжи да објаснува како можела тоа да и го направи на својата пријателка:

-Никогаш не се знае што носи денот, што носи ноќта, едноставно не можевме да им одолееме на нашите емоции кои се родиле со текот на времето. Не функционираше тоа баш како што беше претставено, има друга позадина, но јас не сум некој што треба да го изнесе и нема да коментирам. Секако дека не мислам ништо лошо бидејќи таа не ми направи ништо лошо што се однесува до мене. Да, извинете, не можев да одолеам на моите чувства и тоа е тоа.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/majaamarinkovic/Рингиер

To top