Сека Алексиќ на новите фотографии маѓепса со својата линија и изглед, но и со тоа што покажа дека е способна и за риболов.
Последниот престој во Тузла музичката ѕвезда Сека Алексиќ го искористи професионално, но и за да се испроба во нова вештина. Таа замина на риболов и ги воодушеви сите!
И тоа не во било кое издание, туку средена како за настап го зеде рибарскиот стап и ја фрли јадицата, на задоволство на присутните рибари.
Популарната пејачка носи елегантен костум со светки и градник од истиот материјал, како и сини чевли со вртоглави потпетици, а во сето тоа изгледа „бомбастично“!
„Бев на езерото Модрац кај Тузла, каде што работев, се облеков за настапот и се фотографирав. Спонтано се спуштивме до езерото, кога таму имаше рибари“, изјавила Сека Алексиќ.
Познато е дека Сека е спонтана и не се колеба дали да проба нешто во животот, но и да направи хаос на социјалните мрежи како и на настапите, па во ова издание целосно се надмина себеси и ги маѓепса фановите со уште едно „хоби“.
фото:Принтскрин/Станислав Закиќ