Радио Милева да не си направи беља

Голем пресврт на аферата „Проверено“: Милица Павловиќ ја повлекува тужбата против Ана Николиќ (фото)

Голем пресврт на аферата „Проверено“: Милица Павловиќ ја повлекува тужбата против Ана Николиќ (фото)

Скандалот поврзан со песната „Проверено“ кој изби меѓу Ана Николиќ и Милица Павловиќ не престанува. Пред неколку дена излезе веста дека Ана Николиќ почнала да заработува од песната на Милица, што ја шокираше Павловиќ.

„Нема да ве лажам. Вчера се згрозив кога видов дека некој заработува на сметката на мојата песна. За мене тоа беше како: „Боже, каде живееме“. Сигурно аферата придонесе за промоција на песната. Но, тоа не и даде нова форма. Ме боли кога пишува дека никогаш немаше никој да  слушне за албумот да не беше тоа“ – рече Милица, а потоа се врати на тужбата:

„Тужбата е готова. Само сега размислувам дали ми треба тоа во мојот живот. Судење со Ана и да трошам енергија. Моментално размислувам дали да ја поднесам таа тужба. За тоа размислувам во моментов. Знам дека адвокатите се во постапка, Ана не им се јавува на телефон. Немам јас што да решавам. Ми се гади од нејзиното однесување секој ден“ – изјави Милица Павловиќ.

На прашањето како би сакала сето ова да се реши, Милица Павловиќ рече:

„Да и  простам и да не поднесам тужба.“

Фото:Принтскрин/М.Мијатовиќ/П.Радосављевиќ

To top