Радио Милева салто - мортале

Српската фолк пејачка се струполи од бината: За среќа, рада помина само со „одрани“ крвави колена (ВИДЕО)

Српската фолк пејачка се струполи од бината: За среќа, рада помина само со „одрани“ крвави колена (ВИДЕО)

На традиционалниот фестивал „Врњачка музичка вечер“ пред 20.000 луѓе, качувајќи се на бината, Рада Манојловиќ паднала и си го раскрварила коленото. За тоа сведочат фотографиите на кои колената на пејачката се облеани во крв.

Имено, таа качувајќи се повскалите на сцената, се сопнала, па правејќи вистинско „салто-мортале“,  паднала и го „одрала“ коленото. Таа сцена ја снимил некој од публиката, а видеото пејачката го објавила на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RADA MANOJLOVIC (@radamanojlovic)

Значи, се испружив колку што сум долга“  – напиша Манојловиќ покрај видеото што го објави. Публиката вресна, сите останаа во шок, а некој довикна: „Погина жената…!“

Откако стана продолжи некако да пее, но и тешко да се движи држејќи се за обезбедувањето. Екипата за брза помош веднаш пристигнала на местото на настанот.

Ова е втор пех што го доживеала пејачката истата вечер. Пред тоа го промашила патот до Врњачка Бања и се изгубила, па доцнела повеќе од два часа. Кога дошла, го оставила автомобилот во близина, па побрзала со трчање само за да стигне на време и резултатот ќе бил за малку фатален.

За среќа, Рада помина само со одрани колена!

Фото: Курир.рс

To top