Оваа година за претставниците на Македонија на Евровизија, групата „Ај Куј“, можеби не се крена некоја голема фама пред големото случување во Лисабон, но затоа откако нашите претставници не беа избрани меѓу финалистите, очекувано се крена прашина на домашен терен.
Имено, Марија, Бојан, Иво, Антониа, Дина и Валери не ги задоволија критериумите на европската публика и не успеаја да се пласираат во финале, а со брзина на светлината на социјалните мрежи се нижеа разни коментари, пред се негативни за домашниот организатор, сценискиот настап, вокалната изведба итн…

Но, сепак ако гледаме од реален агол на перцепцијата, надежта за влез секоја година како да останува кај претставниците, но не и народот, но јасно е дека за да се влезе во финале постојат бројни фактори и критериуми по кои се води Евровизија.

Инаку, на првата евровизиска вечер настапија 19 земји од кои во финалната вечер се пласираа: Ирска, Финска, Бугарија, Албанија, Австрија, Кипар, Естонија, Латвија, Израел и Чешка.
Ова е шеста година пои ред откако Македонија не се пласира во финале, нешто кое и успеа на Калиопи во 2012 година со „Црно и бело“.
Финалната евровизиска вечер од 63-то издание ќе се одржи претстојната сабота на 12-ти мај.
Во продолжение погледнете го настапот на „Ај Куј“ и „Lost and Found“, ако немавте можност тоа да го направите вчеравечер: