Во фокусот на домашмната јавност од првата полуфинална вечер на светското музичко шоу „Евровизија“, беа нашите претставници „Ај Кју“ кои се претсавија со песната „Lost and Found“:
На сцена како придружен вокал се најде и некогашната „Пинкова ѕвезда“, односно младата пејачка Антониа Гиговска заедно со Дина Јашари и Валери Димовска, исто така млади и надежни пејачки.
Изминатите неколку дена Антониа присуствуваше во Лисабон, па имаше прилика да го запознае победникот на Евровизија во 2009 година, Александар Рибак. Таа овој момент го овековечи со една фотографија која ја сподели на социјалните мрежи.
A некои од следбениците и порачаа следната година Гиговска да оди на Евровизија како соло пејач.