Поп-ѕвездата Бритни Спирс на својот Инстаграм профил напиша подолг текст и кажа што мисли за документарните филмови и ТВ специјалците што се снимени за нејзиниот лик и дело, посочувајќи дека за ниту една позната личност немало толку медиумски материјал како за неа.
“America… this nation has been one thing and one thing to me only – a bully.”
— Britney Spears on Instagram. pic.twitter.com/kLYFLNqvAF
— Pop Base (@PopBase) July 9, 2022
– Се чувствувам како Америка одлично да ме понижи – ја започна својата објава пејачката, а ја продолжи со анегдота за патувањето од авионот до автомобилот.
Имено, таа напиша дека и е организиран превоз со автомобил голф, со намера фотографите полесно да ја фотографираат.
Таа продолжи со прашањто дали е воопшто легално да се снимаат толку многу документарни филмови за некого без благослов од таа личност.
– Никогаш не сум видела толку многу документарни филмови за некого. Вил Смит, Гвинет Палтроу, Џенифер Лопез? Ова никогаш нема да им се случи – напишала Бритни.
– Тоа е најтажното нешто што сум го видела во животот. Луѓето не само што се извлекоа од се што ми направија, туку и ме срамат тврдејќи дека ми помагаат – објасни таа.
– Америка… овој народ ме третираше како насилник – заклучила таа.
Да потсетиме, на крајот на минатата година, по 13 години, заврши старателството кое го контролираше животот на американската поп ѕвезда, како и нејзиниот имот вреден 60 милиони долари. Старателството било воспоставено и надгледувано од нејзиниот татко, откако таа доживеала јавно нервен слом и била подложена на третман за проблеми со менталното здравје, чии детали не се објавени.
Фото:Принтскрин/Џенифер Грајлок/