Првиот човек и сопственик на „ТВ Пинк“, Жељко Митровиќ потврди дека најгледаното ријалити сепак ќе има ново продолжение иако сите мислеа дека со завршувањето на „Задруга 5“, конечно е готово. „Задруга 6“ не чека многу наскоро – најави Митровиќ:
„Апсолутно ќе има 6-то продолжение! Дури мислам дека ќе почне малку порано, можеби на 3-ти септември, тоа е сабота. Тоа е добар термин. Кастингот ќе биде спектакуларен, ќе дадеме се од себе, гледачите ќе бидат презадоволни“ – рече Жељко Митровиќ на забавата на крајот на „Задруга 5“.
„Ќе бидеме креативни, мислам дека ќе направам уличка овде со министерства… Министерство за љубов, мисли, се ќе има“ – додаде тој во вклучувањето во програмата на „ТВ Пинк“.
Петтата сезона на ова реално шоу заврши, а победник беше Дејан Драгојевиќ.
Фото: Пинк принтскрин