Пејачката Теодора Џехверовиќ организираше дружба со своите најверни фанови и со нив ја сподели приказната за нејзиниот пат до успехот и остварувањето на нејзиниот сон.
На одлична дневна забава, со добра музика, освежување и позитивна енергија, Теодора и нејзините фанови имале два часа дружење.
Ниту една желба на нејзините обожаватели не остана неостварена, а бројни претставници на медиумите имаа стотици прашања за оваа млада поп ѕвезда, која има 1,3 милиони следбеници на Инстаграм!
А Теодора, како што само таа може и умее, спонтано и без никакво двоумење им ја откри на сите тајната на нејзиниот успех и воодушевувачка насмевка.
-Не можев да ги сокријам емоциите кога ги запознав фановите! Беше искрено, бидејќи ова дружење навистина многу ми значи. Живеам нормален живот, не возам луда кола, имам нормален стан, а не за луксуз за кој се пишува… Јас сум исто како и моите обожаватели – одам на кафе без шминка со другарките! – изјави Теодора Џехверовиќ.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/ТВ Пинк