Раперот Стефан Ѓуриќ Раста и покрај силните болки синоќа настапи во Цирих.
Раста на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се гледа како неговата рака е фиксирана со долга лонгета, но не откри каква повреда има.
Тој напиша дека пеел под големи болки:
– Кога би можел само со зборови да опишам во каква болка настапував синоќа, никогаш во животот не би се запрашал од каде ми се парите. Стискам заби и не сум кучка, ете од каде – напиша раперот на својот профил.
Раста е познат како голем професионалец кој не се откажува од настапите дури и кога е мртов болен. Често настапувал со висока температура и со болки.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Инстаграм/stefanrasta/Дамир Дервишагиќ/