Радио Милева „Кренал раце“

Северина од Кеба позајмила 70 илјади евра: Пејачката завработува многу, но важи за некој што постојано нема пари

Северина од Кеба позајмила 70 илјади евра: Пејачката завработува многу, но важи за некој што постојано нема пари

Северина Вучковиќ заработува многу, но таа често останува без пари бидејќи не знае како да располага со нив.

За тоа говори и фактот што на поранешниот свекор Драган Којиќ – Кеба му должи 70.000 евра, пишува Ало.рс

За време на пандемијата на коронавирус, пејачката поголемиот дел од времето го поминувала во семејната куќа на нејзиниот сопруг Игор Којиќ, а бидејќи не настапувала поради тогашните мерки кои биле на сила, парите што ги имала заштедено, многу брзо ги потрошила. Кога си ја испразни сметката, отишла кај свекорот Драган и му побарала позајмица, која и ја дал истиот ден, открива добро упатен извор близок до пејачката.

-Во меѓувреме беше уапсена поради прекршување на полицискиот час, а Кеба и ја плати и казната. Набргу потоа таа и Игор раскинале, а таа си ги спакувала работите и се вратила во Хрватска. Она што ги изненади сите е тоа што таа никогаш не се јави да ги врати парите. Кеба решил да и ги прости малите долгови, но во еден момент и се јавил за овој долг од 70.000 евра. Таа му рекла: „Сега немам“, а следниот пат не одговорила и тој се откажал од тоа, раскажува соговорникот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @dragankojickeba

Северина во оваа прилика не се огласила, ниту пак одговарала на пораки.

фото:Инстаграм/Северина принтскрин

 

To top