Радио Милева Лош фотошоп

Ана Николиќ претерала со обработка на фотографиите, а нејзините следбеници и пратија низа критики (фото)

Ана Николиќ претерала со обработка на фотографиите, а нејзините следбеници и пратија  низа критики (фото)

Ана Николиќ со недели беше во центарот на вниманието поради песната „Проверено“ поради која влезе во вистинска војна со колешката Милица Павловиќ. Меѓутоа, сега таа е мета на коментари и од друга причина – претераното уредување на фотографиите!

Николиќ важи за некој кој е многу активен на социјалните мрежи, а речиси секое излегување го снима и го споделува со своите следбеници, што беше случај и сега.

Ана со пријателите посетила ресторан во Белград, а потоа објавила неколку фотографии, но наместо комплименти добила низа критики.

„Што ти е со лицето?“, „Зошто си зелена?“, „Лош фотошоп“, „Како поплава да те исфрли“, „Што ти стана?!“, „Сите си зелени“, беа само дел од коментарите под нејзините фотографии на Инстаграм.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/ananikolicofficial

To top