Радио Милева Нов момент

Скандалот добива нов епилог: Пресудата за Анбер Херд и Џони Деп може да биде поништена

Скандалот добива нов епилог: Пресудата за Анбер Херд и Џони Деп може да биде поништена

Адвокатскиот тим на Амбер Херд поднесе жалба на пресудата изречена на судењето на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп. Тие бараат да се укине пресудата, а за тоа наведоа низа причини.

Како што пренесуваат странските медиуми, адвокатите на Херд веруваат дека Џони Деп и неговиот правен тим не доставиле доволно докази за да го поддржат фактот дека нејзината статија го чинела улоги во филмови.

Нагласија и дека таа никогаш во текстот не го именувала Деп. Сепак, кецот во ракавот може да биде еден поротник.

Според извештаите, адвокатскиот тим на Амбер Херд тврди дека поротникот број 15, кој бил повикан на суд, и лицето кое се појавило не се исти. Весниците, наводно, велат дека поротникот е роден во 1945 година, но адвокатите тврдат дека лицето што се појавило на суд е многу помладо.

Доколку се утврди дека тоа не е лицето кое требало да учествува во поротата и дека судот не ја исполнил својата должност за проверка, тоа би можело да биде валидна причина за отфрлање на пресудата!

Потсетете се дека иако беше пресудено Деп да добие 15 милиони долари – 10 милиони долари за компензација и 5 милиони долари за казнена отштета, државниот закон ја ограничува казнената штета на 350.000 долари. Според тоа, Џони би можел да добие 10,35 милиони од Амбер. Но, бидејќи и Амбер добила отштета од два милиони долари, кога се ќе се собере и одземе, на крајот треба да му плати на Џони 8,35 милиони.

фото:Јутјуб принтскрин

To top