Радио Милева работи премногу

Карлос Сантана колабирал за време на настап (фото+видео)

Карлос Сантана колабирал за време на настап (фото+видео)

Легендарниот американски гитарист Карлос Сантана колабирал на сцената за време на концерт на отворено во близина на Детроит, Мичиген.

Медицинскиот персонал го лекувал 74-годишниот Сантана во Кларстон во вторникот и тој бил однесен во одделот за итни случаи на локалната болница за набљудување, јавува Си-Ен-Ен.

Познатиот музичар Сантана кој е роден во Мексико и е еден од најдобрите гитаристи во историјата, подоцна на својата страница на Фејсбук напиша дека „заборавил да јаде и да пие вода“ па дехидрирал и се онесвестил.

Неговиот менаџер Мајкл Врионис изјави дека музичарот работи многу.

Сепак, тој додаде дека шоуто планирано за среда во Бургетаун, Пенсилванија, „ќе биде одложено за подоцнежен датум“.

Се појавија снимки на кои се гледа како на Сантана му помагаат да излезе од сцената во музичкиот театар „Кларксон Пајн Ноб“. Во видеото, ѕвездата и мавта на толпата додека го носеа на носилки.

 

Фото:Принтскрин/Јутјуб/Твитер

To top