Радио Милева принова

Квентин Тарантино и неговата 20 години помлада сопруга ја споделија среќната вест: Семејството е побогато за уште еден член (фото)

Квентин Тарантино и неговата 20 години помлада сопруга ја споделија среќната вест: Семејството е побогато за уште еден член (фото)

Режисерот Квентин Тарантино и неговата 20 години помлада сопруга Даниела  Пик со задоволство објавуваат дека станаа родители по втор пат.

Даниела го роди нивното девојче, а за бременоста на неговата сопруга се дозна дури во февруари. Парот веќе има син, кој се роди во 2020 година.

По синот Лео, кој се роди во февруари 2020 година, во семејството пристигна и девојче, пишува „People.“

Данијела Тарантино е ќерка на израелската пејачка и текстописец Звика Пика, а парот првпат се запозна во 2009 година кога режисерот го промовираше својот филм „Безмилосните копилиња“ во Израел.

Тие се верија во 2017 година, а се венчаа во ноември 2018 година во Лос Анџелес.

Квентин живее во Тел Авив со своето семејство и се обидува да го научи својот син да зборува хебрејски и англиски. Многумина мислеа дека малиот Лео го добил името по Леонардо ди Каприо (47), но режисерот негираше.

– Речиси и да не го викавме Лео за луѓето да не помислат дека сме го именувале по Ди Каприо. Секако, нема спор дека неговото име беше наша инспирација, но нашиот син го доби името по дедото на Даниела, но и затоа што е во нашите срца – наше мало лавче – изјави Тарантино минатата година во ток-шоуто на Џими Кимел.

 

Фото:Принтскрин/Тајнуг/ЕПА

To top