Радио Милева Истрајна во намерата

Александра Суботиќ изгледа совршено, а вака се бореше за топ изглед! (фото)

Александра Суботиќ изгледа совршено, а вака се бореше за топ изглед! (фото)

Поранешната ријалити ѕвезда Александра Суботиќ целосно се промени кога го напушти реалното шоу „Задруга“ во кое нејзиното момче еднаш ја изневеруваше.

Александра ослабе многу, се пресели во Нови Сад и си најде партнер со кој го има синот Јован и е во среќна врска. Сега нејзиниот Инстаграм е „преплавен“ со провокативни фотографии на кои изгледа совршено.

Нема кој да не го коментира извајаното тело на Суботиќ во костим за капење, нејзините извајани облини, но тоа не било секогаш така.

Таа еднаш раскажа сè за нејзината борба со килограмите.

“Бев најдебела за време на таа токсична врска, што влијаеше да почнам да се дебелеам. Особено за време на мојот престој во реалното шоу. Мислам дека во тие моменти вагата ми беше смртен непријател. Имав дури 90 килограми! Тие несреќни 30 килограми  лесно ги изгубив благодарение на мајка ми Љуба“, рекла тогаш Александра и додала дека го променила начинот на исхрана кога забременила.

“Почнав да се хранам здраво по препорака на гинекологот кој ја водеше мојата бременост. Тој беше шокиран од мојата тежина и ми рече дека морам да ја средам линијата. Ми објасни дека не е здраво за бебето да имам вишок килограми и дека тоа може да го отежне породувањето.Неговите зборови ги сфатив сериозно и ја повикав мајка ми Љуба на помош“, признала таа тогаш.

За да биде што позадоволна, Александра го оперирала носот, а потоа хируршки и го подигнале задникот.

 

Фото:Принтскрин/Инстаграм/sandrasuboticss/dado dilas

To top