Односот меѓу пејачките Милица Павловиќ и Ана Николиќ се повеќе се заострува, а скандалозната Ана сега направи нов потег за кој сигурно ќе се зборува.
Имено, откако Ана Николиќ во видео-порака на својата колешка и кажала да „исчезне“, сега решила да се потсмева на говорот на Милица Павловиќ, која пораснала во Горњи Буниброд, село кај Лесковац со 700 жители.
– На кого да земам песна? За пари? Нема да може така – изјави Ана Николиќ во клипот за „Ексклузивно“.
View this post on Instagram
– Можеби во Буниброд, овде не е така – додаде Николиќ имитирајќи говор од југот на Србија.
Да потсетиме, Милица Павловиќ сепак реши да ја тужи колешката Ана Николиќ за песната „Проверено“ која ја изведуваше на настапи и ја претставуваше како своја, а на социјалните мрежи ја промовираше нејзината демо верзија, со различен текст.
фото:Ало.рс илустација/Инстаграм