Естрадата во Србија е полна со конфликти меѓу колегите, има чести кавги, несогласувања, некогаш поради работа, конкуренција, некогаш поради лични несогласувања.
А ова се најголемите, но и најдолгите конфликти на српската естрада:
1. Мина Костиќ и Индира Арадиновиќ Инди
Физичката пресметка меѓу двете фолк девојки со години е еден од најгледаните видео клипови. Овие две пејачки во различни периоди биле со бизнисменот Тиосав Сретеновиќ Тика, а се претпоставувало дека тој е јаболката на расправијата.
2. Славица Ќуктераш и Тања Савиќ
А вториот жесток конфликт на листата е предизвикан од љубомора и ранета женска суета. Големото пријателство на учесниците на првата „Ѕвезда Гранда“ пукна затоа што, како што објавија медиумите, Ќуктераш тогаш фрлила око на момчето на Тања Савиќ. Меѓутоа, тие две пред неколку години успеале да ги испеглаат разликите бидејќи, како што тврдат, станале позрели луѓе кога станале мајки.
3. Зорица Брунцлик и Милош Бојаниќ
Уште еден во низата реалити конфликти кои завршија на суд, а Бојаниќ ја тужеше Зорица Брунцлик затоа што го нарече „педофил, лажго и скапана простата“ и го плукна во лице. Зорица на судењето се расплака, а Милош одби да зборува за се’, наведувајќи дека инцидентот е далеку зад нив.
5. Весна Змијанац и Зорица Брунцлик
Зорица уште еднаш се најде на листtaа, но овој пат не поради најбурната тепачка во шоуто, туку поради најдолгата. Таа и Весна не зборуваа 29 години затоа што Брунцлик го „киднапираше“ Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш од Весна Змијанац, а по децениски навреди, двете пејачки јавно пружија рака на помирување на концертот на Зорица во 2014 година во Арена, кога заедно се појавија на сцената.
Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ
6.Долги и жестоки кавги има уште, тука е секако Јелена Карлеуша со Цеца Ражнатовиќ кој исто така долго време се влечкаа на суд по што Цеца извојува победа.
Меѓу една од понвите е најава за тужба од Милица Павловиќ кон Ана Николиќ за песната „Проверено“.
фото:Принтскрин / Ало.рс/Јутјуб,Инстаграм