Во рамки на „Културно лето 2022“ во Кисела Вода вечерва концерт на мега популарната музичка ѕвезда од соседството – Жељко Самарџиќ.
Вечерва, како и претходните три вечер, општината по повод својот роденден организира забава за граѓаните.
Претпладнево од 11 часот настапуваат „Златно славејче“, а предвидени се бројни изненадувања за најмалите жители.
Од 18 часот следи „Битка на бендови“, од 20 часот концерт на Боби Павловски, а од 22 часот па се до полноќ скопјани ќе се забавуваат со Жељко Самарџиќ.
Сите настапи се кај салата Расадник.
Извор: Скопје Инфо.Мк