Раперот Машин Ган Кели ги почестил своите пријатели со „крвав настап“ откако скршил чаша шампањ на главата за време на забавата што се одржала по неговиот концерт и со крвава глава го напуштил местото, заедно со неговата свршеница, познатата актерка, Меган Фокс, пишува Дејли Мејл.
NOW WHY WOULD HE DO THIS?!?!?? 🤔👀 Machine Gun Kelly shared aftermath of him breaking glass on his forehead 😳 pic.twitter.com/DVHIaRrOAz
— Power 106 (@Power106LA) June 29, 2022
Работата да биде уште полоша, сето тоа го објави на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
32-годишниот музичар брзо ја почнал следната песна додека толпата му подавала марамчиња за да го запре крварењето.
По забавата, Машин Ган Кели го напуштил местото облеан во крв и држејќи се за рака со својата партнерка Меган. Неговата розова мрежеста маица исто така била извалкана со крв, како и вратот и рацете.
На социјалните мрежи почна да кружи реакцијата на актерката за однесувањето на нејзиниот вереник:
@thetcup #mgk #meganfox #fyp #healthadepopit ♬ original sound – TheTcup
Како што можете да видите на видеото, таа прво е изненадена, а потоа загрижена за партнерот.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/machinegunkelly/Профимедиа