Познатите личности не се имуни на семејни драми и тоа што се славни не значи дека во нивните семејства е се во ред. Многумина од нив не се во добри односи со родителите, некои не разговараат со години.
Ана Севиќ
Таа секогаш емотивно зборува за семејството, а една личност за која не зборува е нејзиниот татко. Иако од почетокот на кариерата, па до сега даде голем број интервјуа, пејачката никогаш не го спомена татка си кој не беше со неа уште од дете.
Ана Кокиќ
Пејачката веќе со години не е во контакт со својот татко Свето кој се уште не ги ни запознал нејзините ќерки Нина и Теа. Ана го прекинала секој контакт кога тој ја напуштил нејзината мајка и ја оставил сама со двете ќерки.
Кристина Ковач
Пејачката пред неколку години ги изненади сите кога на социјалните мрежи објави дека статусот со нејзината сестра Александра не е како што треба: „Јас својата сестра ја изгубив некаде во 1996 година. Таа мене денс“. Таа објава го налути и нејзиниот татко и сестрата Ања.
Тања Савиќ
Савиќ со години е во кавги со родителите поради пари кои им ги дала за да ја завршат куќата во која требало да живее по враќањето од Австралија. Таа наводно им оставила 20 илјади евра да ја средат, но тие се потрошиле.
Злата Петровиќ
Злата во една прилика изјави дека поради коцкање немала многу среќа во љубовта и дека нејзината мајка била страстен коцкар, која дури ја погребале со шпил карти.