Радио Милева По навиките на мама и тато

Ако очекувавте скапи играчки и детаљи, се излажавте: Ѕирнете во детската соба кај децата на Новак и Јелена Ѓоковиќ (фото)

Ако очекувавте скапи играчки и детаљи, се излажавте: Ѕирнете во детската соба кај децата на Новак и Јелена Ѓоковиќ (фото)

Јелена Ѓоковиќ повремено ги „отвора“ вратите од семејниот дом за своите следбеници на Инстаграм. Доволно беше да ни покаже само едно ќоше и да се заклучи како таа и нејзиниот сопруг Новак го уредиле просторот за живеење.

Сè е едноставно, практично и најверојатно според правилата на фенг шуи, кои и двајцата ги почитуваат. Минимализам и удобност, светли бои, со дрво како главен материјал во ентериерот.

Има многу книги на полиците, всушност – каде и да свртите ќе видите многу книги бидејќи и Новак и Јелена сакаат да читаат и да им ја пренесат љубовта кон ова прекрасно хоби на своите деца.

Стефан и Тара имаат свое мало кралство, а нивните родители често им прават друштво кога играат и преку игра го запознаваат светот околу нив.

Едната фотографија е направена пред две години, кога Стефан бил помал. Сега на тато му прави друштво додека тренира на тениско игралиште, како вистински спаринг партнер.

Тепих, цврст и мек, совршен кога имате мали деца кои почесто се на подот отколку на каучот. Го видовме како составува триделни слики, а на сликата уште помлад, од јануари 2018 година, мајка му се пофали дека веќе ги научил и кирилицата и латиницата.

фото:Инстаграм принтсктин

To top