Пејачката Сара Јовановиќ со својот необичен стајлинг го привлече вниманието на сите присутни во Црна Гора.
Имено, Сара синоќа се појави на музичкиот спектакл „Скали 2022“, продолжение на познатиот фестивал „Сончеви скали“ кој беше отворен на 26 јуни во Херцег Нови.
Пејачката за настапот облекла трико и носела проѕирни сандали со мрежести чорапи, додека косата ја собрала во пунџа, а црвениот кармин ја комплетираше оваа комбинација.
Инаку, по настапот ја пречека нејзиното момче Жига Сотлар со кое сними и видео за Инстаграм.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/sarajoofficial