Репрезентативецот на Хрватска и екс -ракометар на Вардар, Игор Карачиќ и неговата избраничка, моделот и архитект Душица Андоновска од Струмица направија втора свадба.
Младите овој пат го кажаа судбоносното „да“ пред најблиските роднини и пријатели во црквата Св. Петар и Павле во Мостар.
Игор стана македонски зет кој своја животна сопатничка најде во Македонија. Двојката се запозна додека Карачиќ го носеше дресот на македонскиот шампион Вардар.
Душица пак со македонскот шоу-бизнис е позната како доста активен модел во тандем со сестра си, а по професија е архитект.
Невестата блескаше во тесна венчаница, додека зетот во класичен костум.
На свадбата присуствуваше и баџанакот на Карачиќ, Кристијан Дисингер, кој пред извесен период, ја запроси сестрата близначка на Душица, Марија Андоновска.
За потсетување, Игор и Душица пред една година склучија граѓански брак и направија мала забава.
фото:Инстаграм принтскрин/игор карчиќ