Светски познатиот музичар Zucchero ова лето, ќе одржи концерт на Антички театар во Охрид.
– Ништо не може да ја спречи оваа година да биде исклучителна во македонската концертна историја. Уникатноста на проектот, чија објава сме среќни вечерва да ја споделиме со вас, ќе допринесе за тоа. За прв пат во Македонија, на 25-ти јули, доаѓа една од најголемите италијански ѕвезди и сигурно еден од најдобрите европски вокали Zucchero со своето Best of шоу во прекрасниот Охрид, во идеaлниот простор за таа музика – Античкиот театар. Zucchero можеби е најпрепознатлив по својот карактеристичен блуз вокал со кој ги создаде хитовите како „Baila Morena“, „Senza Una Donna“, „Dune Mosse”, „Diamante“, „Il volo” и други.
Станува збор за уникатен артист по тоа што е пејач кој има зад себе остварено соработка со неверојатен број на исклучителни артисти, па всушност во Охрид ни доаѓа човекот кој во својата кариера соработувал со Miles Davis, Eric Clapton, Ray Charles, Sting, Texas, Queen, Peter Gabriel, Mark Knopfler, John Lee Hooker, Joe Cocker, Jeff Beck, Iggy Pop, Elvis Costello, Bryan Adams, Bono Vox, BB King, 2 Cellos, Ennio Morricone, Andrea Bocelli и други.