Радио Милева Чуда на животот...

Мама реши да и ја открие на јавноста малата принцеза: Водителката Александра покажа колку порасна нејзината наследничка Сара (фото)

Мама реши да и ја открие на јавноста малата принцеза: Водителката Александра покажа колку порасна нејзината наследничка Сара (фото)

ТВ водителката Александра Пановска Илиевска стана препознатлива како водителка на кулинарското шоу „Брза Кујна“, но откако и заврши породилното таа им се врати на камерите, но како водителка на утринската програма на Канал 5 телевизија.

За Александра работните обврски почнуваат, но и завршуваат порано во текот на денот, па така има повеќе време за семејството и својатан ќеркичка Сара која веќе е потпораснато девојченце кое само оди и љубопитно го истражува опкружувањето.

Во една прилика Александра изјави дека не се чувствува убаво што треба да ја остави и да почне со работа, но е задоволна што ја остава во рацете на баба и дедо на чување.

Деновиве, шармантната и позитивна мама објави ретка фотографија на која ја покажа наследничката додека си игра.

-Чуда се случуваат секој ден. Тие меурчиња од нивниот скриен извор, нè опкружуваат со можности и среќа во животот, пишува Александра.

Безгрижна детска игра, насмевка, среќа, а за мама и тато најубавиот благослов!

фото:Инстаграм/Александра Пановска Илиевска

To top