Радио Милева Времето работи за неа или таа за него?

На Сузана Турунџиева часовникот и покажува на… Божиновски! (ФОТО)

На Сузана Турунџиева часовникот и покажува на… Божиновски! (ФОТО)

Поп пејачка, ТВ водителка, писателка… Мултимедијалната Сузана Турунџиева отсега и амбасадор. И тоа не било кому, туку амбасадор за грижа со ВИП-клиенти на швајцарските часовници, кои единствено се продаваат во „Божиновски часовници и накит“.

И не случајно, зашто за неа времето како да стои. И покрај сите неубави нешта и несреќи кои годиниве наназад ја снајдоа во животот (смртта на татко и, загинувањето на брат и, бурниот развод со пливачот Маленко, ненадејната смрт на вториот сопруг…) таа одново како Феникс изникнуваше и собираше сила не само да ги расте и воспитува децата, туку и да се впушта постојано во нови предизвици, со кои успешно се справува, како што е случајот со последниов.

„Ја имав честа да ми биде понудена една многу специфична и одговорна улога на амбасадор за грижа со ВИП-клиенти, за која беше (и сѐ уште е) потребно многу работа, учење, читање, усовршување и подготовка за реализација на целите и задачите што ми претстојат. Имајќи предвид дека нашите клиенти се пасионирани љубители на часовници (истовремено и добро информирани во областа на часовничарството), кои многу често се и колекционери на истите, речиси и да не постои можност за импровизација или за делумно познавање на техничките карактеристики на часовниците. Затоа во ова ново поглавје од мојот живот влегов стопроцентно, безусловно, со максимална желба да научам сѐ и да дадам сѐ од себе за да ја оправдам титулата – амбасадор на „Божиновски“ – ќе изјави Турунџиева неодамна во интервју за Независен весник.

Амбасадор како амбасадор има своја функција, но и свои обврски и работни задачи. И не случајно е одбрана за оваа функција токму личност како неа, која верува дека ова е вистинското време за неа да биде „Алфа и Омега“ на тимот кој знае да го пррепознае и донесе успехот и резултатите во работата.

Дали времето работи за неа или таа за него, ќе каже… Божиновски!

 

Поврзани теми

To top