Пејачката Анастасија Ражнатовиќ неодамна отпатува на Ибица, од каде веднаш сподели неколку заводливи кадри во бикини.
Ова патување е наводно вториот дел од роденденскиот подарок на нејзиниот избраник фудбалер Немања Гудељ, за кој искеширал вртоглави 35.000 евра.
Пријателите и членовите на семејството на Немања им прават друштво, а судејќи по објавите на Инстаграм, нема сомнеж дека тие се забавуваат феноменално и уживаат во секој момент.
Анастасија редовно објавува на социјалните мрежи, а сега ги „запали“ со жешки кадри во ултра мини-бикини!
Пејачката доби и бројни комплименти на сметка на нејзината витка линија.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/raznatovicanastasija