Радио Милева „пресисана“...

Се огласи Љупка Стевиќ, српската пејачка која викендов колабираше пред настап: „Се префорсирав и… толку беше“ (ФОТО)

Се огласи Љупка Стевиќ, српската пејачка која викендов колабираше пред настап: „Се префорсирав и… толку беше“ (ФОТО)

Српската пејачка Љупка Стевиќ се огласи откако во српските и регионалните медиуми излезе веста дека и се слошило пред настапот во еден ноќен клуб во Србобран и тоа непосредно пред да е качи на бината.
Имено, пејачката откри како се чувствува и каде е сега.

„Вистина е дека ми се слоши. Се онесвестив пред самиот настап во клубот. Едноставно колабирав“ – рече пејачката и додаде:

„Наеднаш ми се стемни и само се срушив … Немав јадено три дена пред да го  снимам спотот, па веднаш ден потоа  имав настап на Косово, вчера Србобран и тоа е тоа… Се префорсирав“.

„Сега сум со семејството во Костолац неколку дена, сите беа загрижени, важно е дека сега сум добро, па ќе видиме“ – изјавила Љупка за Пинк.рс.

Фото: Јутјуб принтскрин/ ljupka stevic-ne stidim se

To top