Радио Милева работела напорно и долго

Поранешната девојка на Бен Афлек како Мерилин Монро во новиот филм за фаталната русокоса (Фото+Видео)

Поранешната девојка на Бен Афлек како Мерилин Монро во новиот филм за фаталната русокоса (Фото+Видео)

Главната улога на долгоочекуваниот филм „Blonde“, снимен според романот на Џојс Керол Оутс, за животот на Мерилин Монро, ќе ја има Ана де Армас, кубанско-шпанска актерка, која привлече големо медиумско внимание со својата страсна врска со Бен Афлек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A N A D E A R M A S (@ana_d_armas)

Во актерската екипа се појавува и  Адријан Броди, како драматургот Артур Милер, сопругот на Мерлин Монро.

Книгата, напишана од Џојс Керол Отус, е добитник на 5 Пулицерови награди, е опишана како смело измислена приватна приказна за Мерилин, како најпознат секс симбол на светот. Филмот е измислен портрет на моделот, актерката и пејачката. Дејствието е сместено во текот на 50-тите и 60-тите години.

Во интервјуто за„ The Sunday Times“, Ана откри дека се обидела да го долови акцентот на Мерилин најдобро што може:

„Ми требаа 9 месеци обука и вежбање на дијалектот и неколку сесии. Беше навистина досадно и толку исцрпувачко. Мозокот ми беше испржен.“

И покрај напорната работа, актерката изјави дека има голема почит кон Мерилин:

„Многу размислував како жена во оваа индустрија, но и воопшто, за тоа како некои работи од 1930-тите, 1940-тите и 1950-тите се толку поврзани со денешницата. И како, ако немаш силна поддршка, да речеме со семејството и пошироко, навистина е тешко да успееш. Навистина тешко.“

Фото: Инстаграм//ana_d_armas/Јутјуб

To top