Марија Егеља долго време го криеше својот нов избраник од очите на јавноста, а сега конечно реши да го покаже.
Згодната презентерка на временска прогноза Марија Егеља започна нова романса откако ја раскина 16-годишната врска и свршувачката со фудбалскиот тренер Љубиша Ранковиќ.
Таа веќе некое време ужива во нова врска, а партнерот строго го криеше од очите на јавноста. Сепак, сега таа одлучи да покаже кој го освоил нејзиното срце и на Инстаграм ја објави првата фотографија со своето момче.
„Посилна од љубовта… сродна душа“, напиша таа во описот.
View this post on Instagram
„Дечкото на Марија се вика Александар, тој е поранешен фудбалер, сега е бизнисмен и живее во Белград. Извесно време живеел во странство каде играл фудбал. Неодамна беа видени на „Србија опен“ додека го гледаа натпреварот на Новак Ѓоковиќ “- претходно откри извор за медиумите, а Марија тогаш само рече:
„Благодарам што ме прашавте за моето момче, но само ќе кажам дека сум емотивно исполнета и среќна.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/marija.egelja