Радио Милева ја „замолкна“...

Српската пејачка едвај завршила осмолетка, ама со еден потег ја засрами својата учителка: Стоја „ја закопа“класната… (ФОТО)

Српската пејачка едвај завршила осмолетка, ама со еден потег ја засрами својата учителка: Стоја „ја закопа“класната… (ФОТО)

Српската фолк пејачка Стојанка Новаковиќ попозната како Стоја, не успеала да го заврши основното училиште, па се откажала, а нејзината учителка за пејачката немала ниту еден убав збор.

Но, Стоја потоа и се обрати преку социјалните мрежи и и ја разјасни вистинската состојба и зошто не посетувала училиште како другите ученици.

 

„Како што сите знаат, моите родители, брат ми и јас бевме многу сиромашни, но горди. И бидејќи не можевме да носиме кокошки, јајца, сирење и сланина на подарок, јас бев едно од сиромашните деца кои, за жал, не беа омилени. Сепак, сега сум и бескрајно благодарна на мојата класна, г-ѓа Добрила, за се! Со своето однесување, кое истото го гледам и денес, таа кај мене разбуди инает и невидена мотивација да успеам и да ги надминам сите одлични ученици, неа омилените и богати кои доаѓаа со полни раце со кокошки, јајца и сланина. И успеав во тоа!

„Воедно и простувам, а на сите просветни работници им советувам: Да ги мотивирате децата, но пред се да ги почитувате и никогаш да не зборуваме лошо за нив, особено по повеќе децении, бидејќи тие се уште се, еднаш засекогаш, ваши ученици“ –  порача на својот Фејсбук Стоја.

Фото: Фејсбук принтскрин/Stoja

To top