Радио Милева заеднички моменти

Првите чекори на мојата љубов: Наоми Кембел сподели фотографии со ќерката (Фото)

Првите чекори на мојата љубов: Наоми Кембел сподели фотографии со ќерката (Фото)

Познатата Наоми Кембел (52) минатата година го роди своето прво дете, а оттогаш ретко го покажува тоа во јавноста и ги држи во тајност сите детали од раѓањето, а сега објави заеднички фотографии.

Манекенката сподели ретки фотографии од својата едногодишна ќерка, чие име допрва треба да го открие во јавноста.

На фотографиите Наоми го држи девојчето за рака додека шета во природа, а се пофали дека тоа се првите чекори на нејзината ќерка.

 

„Мојата љубов, моето чукање на срцето и нејзините први чекори“, напиша таа во изјавата.

 

За потсетување, Наоми ретко ја покажува својата ќерка, а неодамна престојуваше во Франција на „Канскиот филмски фестивал“ таму престојуваше во градот Антиб и беше уловена од папараците додека ја носеше во раце.

Во мај 2021 година, таа објави дека ќе стане мајка објавувајќи фотографија од малите стапала на нејзината ќерка кои ги држела во раце, а точните детали за нејзиното раѓање не се познати.

 

To top