Пејачката Наташа Беквалац долго време важи за една од најпосакуваните пејачки на естрадата.
Сепак, убавата Наташа не криеше дека не се чувствува секогаш посакувано и полно со самодоверба, што ретко кој би го признал во денешно време.
– Самодовербата ми е разнишана уште од мојата најрана младост. Можеби не изгледа така, но како млада жена и девојка бев многу, многу несигурна. Па, таква сум и денес. Тоа се секојдневни борби, а ако се однесувам како некој што пука од самодоверба, верувајте не така, открила Наташа Беквалац за ТВ Курир.
Таа истакна дека убавината понекогаш е товар, а понекогаш поради неа се отвораат неочекувани врати.
– Никогаш не играв на таа карта, ми се залепи тој епитет, не си го додадов јас сама. Тоа секогаш ми беше товар, бидејќи беше нешто што секогаш беше ставено во преден план. – истакна Наташа.
Да потсетиме, по низата неуспешни љубовни врски, но и бракови, убавицата од Нови Сад реши да ужива во самотија. И додека злите јазици би рекле дека одамна Наташа нема партнер до себе, пејачката открива дали е поубаво или полесно без маж.
– Многу ми е полесно. Пред некое време си реков дека сакам да потпишам за да ми биде вака до крајот на животот, не дај боже да ми се случи во некој да се заљубам. Тогаш се ми оди наопаку во животот, вели Наташа.
Фото: Принтскрин/Инстагарм/bekvalceva