Најстариот син на фолк пејачот Радиша Трајковиќ Ѓани, Милош го кажа судбоносното „да“ на својата убава избраничка Нина со која има син во храмот на Свети Сава,а гала прослава организирле во ресторан во Белград.
Невестата блесна во раскошна венчаница чиј шлиц до колковите ги откриваше витките нозе, а Ѓани и Слаѓа наводно за свадбен подарок на синот и снаата им купиле имот во Монако вреден 2,5 милиони евра!
„Ѓани и Слаѓа сè правеле тајно со еден нивни пријател во Монако за да го купат имотот. Ѓани отишол да ги види становите. Изнајмил хотели на неколку дена за да заврши сè со документација, па со пријателот обиколил четири згради, а кога заврши кога успеаја да убедат еден од сопствениците да ја спушти цената на 2,5 милиони евра со оглед на тоа што цените на недвижностите се многу повисоки. Се договорија, а Ѓани рече дека одамна штедел за ова, но дека станот најверојатно ќе се користи само за кирија, бидејќи Милош и Нина не планираат да се преселат од Србија“- открил извор близок на пејачката.
И Ѓани откри дека се работи за недвижен имот, но за цената не сакаше да зборува.
“Луѓето ме распнуваат кога ќе кажам дека имам станови во „Белград на вода“, како би било да се пофалам со нешто друго! Најважно е што ја дочекавме свадбата на син ми. Ја планиравме одамна, но немоќевме да ја направиме ради вирусот. Но, тоа сега е позади нас. Најважно е дека децата се сакаат. Ова е посебен ден,од сабајле наздравувам со ракија, па подобро е да зборува мојата Слаѓа“, кратко изјавил пејачот.
Фото:Принтскрин/Неделјко Киш/Ата Имаџес/Антонио Ахел