Радио Милева Реклама за сите пари... за без пари

Смешна е и без Андрија: Погледнете „што ја снајде“ Анѓелка (ВИДЕО)

Смешна е и без Андрија: Погледнете „што ја снајде“ Анѓелка (ВИДЕО)

Српската актерка Анѓелка Прпиќ на нашата публика ѝ е добро позната по улогата во хумористичната серија „Андрија и Анѓелка“, во која игра со актерот Андрија Милошевиќ. Несомнено Анѓелка и Андрија на прва ги освоија симпатиите на публиката како двојка, но оние кои ги познаваат, добро знаат дека еднакво се смешни и кога не се заедно.

Анѓелка и овој пат беше во друштво на нејзината пријателка, водителката Марија Килибарда, која ја познаваме од „Твоето лице звучи познато“. Само што овој пат лицето на Анѓелка звучеше „испрепаднато“, откако запиени, распеани и расположени заедно со Мара во еден белградски локал, заборави на една многу важна работа.

Она што ја снајде Аѓелка беше шокантно. Сосема изуми дека вечерта има претстава во „Домот на младите“ во српската престолнина.

Тотално изуми дека е четврток… денот кога е претставата закажана. Ама затоа се сети дека е четврток, 12. април… А претставата, која всушност е нејзина монодрама и се вика  „Што ме снајде“ се игра в четврток, на 19. април…!

Ах бре Анѓелка, „што те снајде“… вака довитливо да се снаоѓаш за да ги најавуваш своите претстави на социјалните мрежи!

Реклама за сите пари, направена за без пари! Совршено, нема што!

To top