Радио Милева Со многу ѕвезди меѓу гостите

Ова е венчаницата што ја носеше Бритни Спирс: Чини цело богатство и е креација на познатата дизајнерка (фото)

Ова е венчаницата што ја носеше Бритни Спирс: Чини цело богатство и е креација на познатата дизајнерка (фото)

Во четвртокот вечерта, поп-ѕвездата Бритни Спирс се омажи за својот вереник Сем Асгари во неговата резиденција во Таузенд Оукс, Калифорнија.

На листата на гости се најдоа познати личности како Мадона, Парис Хилтон, Дру Баримор и Донатела Версаче, која ја дизајнираше венчаницата за Спирс.

Невестата носеше елегантен фустан дизајниран од Донатела Версаче и класичен долг превез со сатенски рабови.

Свадбениот стајлинг на невестата го истакна дијамантскиот накит на познатиот бренд Стефани Готлиб.

– Знаевме дека венчаницата на Бритна има класична силуета на отворен врат, па дизајниравме безвременски додатоци за да го комплетираме стилот – изјави Стефани за „Vogue“.

Пред куќата на сопружниците, која за таа прилика беше украсена со рози, стоеше бел коњ со златно обоени копита, влечејќи кочија. Десетминутната церемонија се одржа под шатор украсен со рози. Меѓу гостите беа Мадона, Селена Гомез, Дру Баримор, Парис Хилтон и Картер Реум, Кејти Хилтон, Марија Менунос, Ансел Елгорт, Вил.и.ам и Донатела Версаче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

По церемонијата, дојде време за славење. Бритни се пресоблече три пати на свадбата. Црн мини фустан, двобојна креација и на крај црвен мини фустан – сето ова е дизајн на Версаче.

Двојката го немаше првиот танц, но Селена Гомез, Мадона и невестата танцуваа заедно, а потоа Парис и Бритни ја отпеаа „Stars Are Blind“.

фото:Инстаграм

To top