Злата Петровиќ неодамна проговори за пензијата, а сега и за пластичната хирургија. Таа наскоро ќе наполни шеесет години, а со децении е дел од естрадата и според многумина една од најценетите домашни пејачки. Нејзината пријателка Гоца Божиновска била на „ремонт“, а сега и Злата откри дали некогаш направила нешто на себе или сè уште планира.
Можеби некои мислеа дека имала некои естетски интервенции, но Злата тоа го негираше и објасни зошто никогаш не отишла под нож, за разлика од повеќето нејзини колешки.
“Замисли да одам на ботокс со овие мои образи, како би изгледала? Страшно! Не ми одговара, инаку би го ставила, но немам проблем со брчките. Никогаш не сум имала интервенции. Јас работам само на мозокот“- признала таа. Злата откри и дали јубилејот ќе го прослави со гала забава, како што сега е модерно.
“Не знам каде ќе бидам. Можеби ќе одам некаде со децата, да патуваме заедно, но секој има свои обврски. Ќе најдеме начин да го поминеме тој ден”, изјавила пејачката.
фото:Пинтскрин/Инстаграм/zlatapetrovic_fan